Публикацијата „Младинско организирање во Македонија-Чекорите до Национален младински совет” ќе биде презентирана на прес конференција во понеделник во 11 часот во просториите на ЕУ инфо центарот во Скопје, најавуваат од Националниот младински совет.
Целта на настанот кој се одржува на Меѓународниот ден на млади е да се информира јавноста за процесот на младинско организирање во Македонија и да се одбележи Меѓународниот ден на млади со порака за зголемено младинско учество и вклучување во општеството.
Говорници на настанот ќе бидат: Ивана Давидовска – Претседател на Национален младински совет на Македонија, Фатмир Бесими – Заменик Претседател на Влада на РМ задолжен за европска интеграција, Петра Андерсен – Делегација на ЕУ во Македонија и Бертранд Демулан – Амбасадор на УНИЦЕФ во Македонија.
Националниот младински совет на Македонија е најголема претставничка чадор организација на млади кој беше формиран на 29 јуни во Струга. Составена е од 55 организации, меѓу кои: младински организации, организации за млади, сојузи и подмладоци на политички партии.