Изложба „1000 добро изодени патеки“ на Елена Чемерска во Центар-Јадро

Самостојната изложба „1000 добро изодени патеки“ на уметницата Елена Чемерска ќе се отвори во вторник, 10 декември, во 19 часот во Културно-социјалниот простор Центар-Јадро, а во соработка со галерија „Грал“.

„’1000 добро изодени патеки’ ја испитува променливата врска помеѓу телата, објектите и светот околу нас. Преку слики, текст и звук, Елена ги истражува темите на распаѓање, трансформација и постојаните промени што го обликуваат нашето постанување. Сè започнува со пукнатина. Расцеп се отвора низ плотта. Од овој раскин нешто истекува: не крв, туку ткаенина што ги поврзува сите работи. Таа се движи, дише, пулсира и се менува, додека телата се расплетуваат во објекти, а објектите се напрегаат да станат плот“, се вели во најавата за изложбата.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и Винаријата „Попов“.