На 16 август (петок) со почеток во 20 часот во Домот на културата Марко Цепенков во Прилеп, ќе биде отворена изложбата „Алегорични Фрагменти“.
На изложбата ќе бидат претставени дела од осум автори вајари од Прилеп кои заедно работеа на тематскиот израз „Алегорични Фрагменти“.
Носител на проектот е м-р Маја Ралева Миладиновски, а учесниците се: Емил Солески, Елена Димоска, Филип Перески, Методи Исков, Марјан Стојаноски, м-р. Филип Јовески и Марта Макеска.
„Ликовните уметници, преку овие дела ни испраќаат порака од друг агол, како и самиот наслов на изложбата Алегорични Фрагменти. Содржината на делата со анализа го опфаќа целиот пристап кон темата, каде денес опкружени со бројни случувања се мотивираме и утврдуваме поинаков односот кон уметноста. Секој уметник преку својот личен пристап кон современата уметност отсликува одредена порака која се испраќа до последниот примач со однапред конципирано вајарско решение“, велат организаторите.
Оваа изложба е дел од годишната програма на Министерство за култура и туризам и Друштвото на ликовните уметници од Прилеп.