Центарот за еднакви можности „Бубамара“ утре (24 јуни) во 12 часот ќе ја претстави изложбата „Изложба без име“ во Старата скопска чаршија кај ресторанот Дестан.
„’Бубамара’ овој пат преку илустративни фотографии ќе ги сподели вознемирувачките пораки кои денес ги добиваат многу девојки на социјалните медиуми“, најавуваат од центарот.
Оттаму објаснуваат дека нивната цел е да ги мотивираат и охрабрат жените и девојките да го пријавуваат малтретирањето со кои се соочуваат на социјалните медиуми.
Изложбата се реализира во рамките на кампањата „SEEN“ и се имплементира како дел од проектот Млади Градови/Young Cities финансирана од „Institute for Strategic Dialoge – ISD“ и „Democracy Lab“.