Иницијативата „Спознавање“ го објавува своето четврто културно списание кое ќе биде промовирано во петок (31 мај) во Лабораториум со почеток од 19 часот.
Со новиот број „Спознавање“ одбележува една година од создавањето. По тој повод ќе има изложби на Дорина Тенева и Druidic Strings, фотографски книги на Никола Јовановиќ и Здренко Петровски, базар со локални креативци како Акреа, Pixie Crochet, MadeOfSpit и плакати изработени од Партизан Штампа од ситопечат и други.
Во текот на настанот ќе биде поставена и изложба од најчитаните интервјуа од првиот, вториот и третиот број на Спознавање, самите фотографии од интервјуата, но и повеќе да се поврзете со мотивот зад идејата.
Во 22 часот ќе има концерт од локалните музичари Алембик и Галатеа.
Дел од интервјуата објавени во претходниот број се достапни на веб-сајтот и Инстаграм профилот на Спознавање.
Зад изработка на списанието е екипата на „Спознавање“ се: Графички уредник – Анамарија Мишачковска, Главен уредник и новинар- Дарко Беровски, Новинар – Вања Ратковиќ, Фотографи – Емилија Трајковска, Иво Велчевски и Никола Јовановиќ, Колумнисти – Бисера Ѓуровска и Андреј Медиќ Лазаревски. Поддржувачи на ова издание се Sinatra Specialty Coffee, Match Superfood и Училница Specialty Coffee.