Вечерва (30 мај), во галеријата на ЛУ Градски музеј Крива Паланка со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Infinitiy Бесконечност“ на уметницата Ирена Паскали.
Како што информираат организаторите, изложата претставува мултимдијален проект кој комбинира инсталација во простор од целулоидни ленти и камен, видео, фотографија и цртеж.
Според авторката, целулоидот е носител на идеологии, агитација, информации, но и филмска уметност, а пренесувањето на оваа содржина ги одредува патиштата на идентификација, културен идентитет и чувство на заедништво. Просторната инсталација има за цел да покаже дека носачот на информации –целулоидот, ги содржи актуелните подвижни слики од вестите, културните програми и кината.
„Инсталациите кои ги создавам со целулоид се привремени, тие се реализирани за самата локација каде се поставуваат, се документираат, а по изложбата се уништуваат“, истакнува Паскали.
Изложбата е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.