На изложбата ќе присуствуваат Рикардо Пасони, директор на „Галерија на модерна и современа уметност“ во Торино и кураторот на изложбата Бојана Јанева Шемова.
Изложбата „Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели“ се обидува да прикаже можни ликовни врски меѓу делата од италијански и македонски автори застапени во колекцијата во Музејот на современата уметност.