Во ЕУ Инфо центарот во Скопје, вечерва (15 февруари) ќе биде отворена изложба на уметнички дела од современи европски уметници.
Поставката „Магијата на модрата планина“ претставува серијал од три изложби, на кои ќе бидат претставени дела од 18 современи европски уметници, кои од 2003 до 2015 година твореа во рамки на уметничката резиденција „Арт Поинт – Гумно“, лоцирана во село Слоештица, сместено во подножјето на Плакенска Планина.
Организатори се Дегацијата на ЕУ во Скопје и Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт – Гумно“ од село Слоештица, Демир Хисар.
На отворањето на изложбата ќе се обратат Мартин Клауке, раководител на Секторот за соработка на ЕУ делегацијата, холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп и Сергеј Андреевски, куратор на изложбата и претставник на „Арт Поинт – Гумно“.
Изложбата е дел од серијата настани од културата на ЕУ Инфоцентарот насловени „Културни приказни“.