Изложба „Македонија“ на бразилски уметници во КИЦ Битола

Во четврток (23 февруари) од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Македонија“ на бразилските ликовни уметници Даниел Частинет и Вилсон Нето.

Изложбата ја организираат Културно информатиовниот центар – Битола во соработка со Меѓународна ликовна колонија „ДеНиро“.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите во Источната галерија на Офицерскиот дом во Битола .

Од КИЦ-Битола најавуваат дека истиот ден од 20:30 часот во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе се одржи и театарската претстава „Phalaris’s bull: solving the riddle of the great big world“ од Стивен Фридман. Овој настан го организираат КИЦ – Битола во соработка со амбасадата на САД во Скопје и Општина Битола.

Целосната агенда на настани на КИЦ – Битола може да ја погледнете на сликата во продолжение: