Вечерва во Јавна соба ќе бидат изложени цртежи изработени од децата во СОС Детско село, Скопје.
Изложбата претставува краен резултат од ликовната работилница на која присуствуваа децата во рамките на нивните воншколски активности.
Цртежите ќе се продаваат, а собраните средства ќе се искористат за потребите на децата.
Изложбата ќе биде отворена за јавноста од 18 часот.