Изложба на дела на Александар Родченко за првпат во Македонија

Во организација на Плакарт, утре (31 јануари) во Скопје се организира изложба на  делата на рускиот уметник и графички дизајнер Александар Миколајевич Родченко, за првпат во Македонија и во регионов. Изложбата ќе биде проследена со поставка на плакати од современи графички дизајнери чија инспирација е токму Родченко, а е дел од патувачката изложба насловена „Родченко 120“ по повод годишнината од раѓањето на овој голем уметник.

Оваа изложба е последната од низата активности кои Плакарт ги реализираше во рамки на програмата по повод јубилејот 5. години од формирањето на Здружението за графички дизајнери и иницирањето на проектот Меѓународен конкурс за студентски плакат.

Александар Миколајевич Родченко (1891-1956) е руски уметник, вајар, фотограф и графички дизајнер.  Се смета за основач и еден од најактивните претставници на конструктивизмот, продуктивизмот и на руската школа за графички дизајн. Негов соработник и партнер бил поетот Владимир Мајаковски, кој во еден период ги пишувал рекламните слогани за постерите дизајнирани од Родченко.

Изложбата ќе се одржи во Музејот на современа уметност, со почеток во 18 часот.

Изложба на дела на Александар Родченко за првпат во Македонија

 

 

rodchenko3