Центарот за современи уметности и тимот на иницијативата Урбани уметнички акции по повод првата годишнина од почетокот на акцијата организира изложба на фотографии, видеа и работни цртежи и материјали од уметничките акции.
Отворањето е вечерва во 21 часот во мобилната монтажна галерија на центарот во Франкофонскиот парк.
Изложбата се состои од триесетина фотографии и видеа направени за време на поставувањето на интервенциите, скулптурите и инсталациите во текот на изминатата година. Изложбата има за цел да го популаризира креативниот пристап во комуникацијата на проблемите и да ги охрабри граѓаните од одговорните да бараат решение за своите проблеми особено за оние поврзани со јавниот простор урбанат и комуналната инфраструктура.
На изложбата, меѓудругото, ќе бидат изложени и „работилнички цртежи„ и работни материјали и документација како се правени, тестирани и поставувани некои од интервенциите.
Според оргнизаторите, идејата на урбаните уметнички акции е да ги открива, реагира, комуницира па дури во некои случаи делумно да ги решава локалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат преку заеднички организирани акции на уметниците, архитектите (особено проблемите од сверата на урбанизмот и инфраструктурата) активистите и граѓаните кои се соочени со проблемот.
„Изминатите година дена направени се над 30 акции од различен тип од кои некои како ајкулите во вардар, очите на дрвјата, споменикот на дијазепамот, флуоресцентните велосипеди со пораки ги надминаа границите на македонија и беа сензација на балканско па и европско ниво. Од друга страна некои локални акции иако (риболов на дупка на улица во велес, гинисов рекорд за одолговлечување на реконструкција на улица и слично…) беа препознаени воглавно на локално ниво во заедниците на кои беа наменети предизвикаа брзи реакции на надлежните и трајно решавање на проблемите на граѓаните“, се вели во поканата за настанот.