Изложба на фотографии „Мразам playback“ од Никола Јовановиќ во КИЦ

Во Културно-информативен центар (КИЦ) – Скопје на 3 март (петок) во 20 часот ќе биде отворена изложбата на  „Мразам playback“ изложба на фотографии од Никола Јовановиќ.

„Изложбата е посветена на алтернативната музичка сцена во Скопје и пошироко. На изложбата ќе бидат претставени 25 фотографии од музичари и бендови во период од крајот на 2020 до почетокот на 2023 година. Со кратка и јасна порака ‘Мразам playback’“, стои во најавата за настанот.

Никола Јовановиќ е млад фотограф роден во Скопје (2002), кој активно се бави фотографија веќе неколку години. Кон крајот на 2020-та година почнува активно да се бави со портретна и музичка фотографија. Црно-белата фотографија е негов заштитен знак, негува ретро стил налик на оној од крајот на 20-от век.

„Изложбата ‘Мразам playback’ е посветена на неговиот повеќегодишен ангажман во полето на музиката. Ќе бидат изложени 25 фотографии (колор и црно-бели) од крајот на декември 2020-та година па се до февруари 2023-та година. На изложбата ќе бидат поставени фотографии од млади бендови и музички настани на кои настапувале истите, портрети на млади музичари“, се вели во најавата.