Во Музејот на град Скопје вечерва (18 февруари) со почеток во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на фотографии на Боро Рудиќ кој е долгогодишен член на фотоклубот „Елема“ и актуелен претседател на Фото Сојузот на Македонија,
Покрај самостојната изложба која е насловена „Настанување исчезнување“, вечерва во Музејот ќе биде промовирана истоимената книга на фотографот. Предговорот е напишан од професорот Ферид Мухиќ, кој ќе ја промовира книгата и ќе ја отвори изложбата.
Изложбата на која ќе бидат претставени четириесетина фотографии во голем формат ќе трае до 1 март.