Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, секој ден до 20 јануари ќе биде отворена изложбата на фотографии на летонскиот автор Гунтис Швинтиш. Влезот е слободен.
Историчарот на уметностa и графичкиот уметник Швитинш е роден во 1954 година во Јелгава (Летонија). Завршил средно училиште за применета уметност во Рига на одделот Уметност на стакло ( 1971-1973 ). Дипломирал во 1983 година на Народниот Универзитетот за култура, на Факултетот за дизајн при Полиграфскиот Централен клуб во Рига со својата дипломска работа под наслов ” Уметнички дизајн на” РАФ “Фабрика Галерија”. Во 2003 година дипломирал на Ликовната академија на Летонија – историја на уметност и теоретски оддел. Почнал да објавува од 1984 година (книгата “Ludotfs Liberts”, публикации во Летонија и меѓународен печат, организирал изложби на скулптури и декоративна уметност, креирал визуелен концепт и дизајн за девет виртуелни изложби за Државните Архиви на Латвија итн.)
Омилени медиуми на Швинтиш се пастел, туш и компјутерска графика. Креира апстрактни композиции и често употребува симболи и знаци од културата и историјата. Имал самостојни изложби од 1977 година, а учествувал и во групни изложби во Летонија, Естонија, Литванија, Ерменија, Шпанија и Колумбија. Член е на Друштвото на уметниците од Јелгава од 2009.
Омилени теми на неговите фотографии се природата, необичните моменти и сцени од секојдневниот живот. Почнал да организира изложби на фотографија од 2000 год. во Латвија и Литванија.