Во галеријата при Домот на културата во Кавадарци, утре од 19 часот ќе биде отворена изложбата на фотопортрети насловена „И јас сум тука“.
Во најавата за настанот се посочува дека изложбата вклучува 20 лица со посебни потреби од повеќе градови од Македонија на различна возраст, а портретите се придружени и од приказни посветени на нив.
„’И јас сум тука’ е дел од проектот ‘Децата не се раѓаат со предрасуди’, чиј иницијатор е театарот ‘Глада Худик’ од Худиксвал, Шведска, со поддршка на Шведскиот институт. Ова е проект кој во Шведска од 2014 година дал одлични резултати во борбата против предрасудите, а во Македонија се спроведува од 2020 година“, се додава во најавата за настанот.
Истовремено, во рамките на настанот ќе биде прикажан и документарниот филм „Модна ревија: Од ’Глада Худик‘ до Њујорк“ во режија на Јохан Ског, во кој учествуваат актерите од театарот „Глада Худик“.
Изложбата минатата година се одржа и во Скопје.
„И јас сум тука“: Разбирање наместо сожалување на лицата со попреченост