Во објектот Отвореното графичко студио, при Музејот на Град Скопје, со почеток од 19:30 часот, вечерва ќе се отвори изложбата на македонската уметница Илиана Петрушевска, насловена „Vivre sa vie“.
Авторката е присутна на македонската уметничка сцена повеќе од 15 години. Во фокусот на нејзиниот интерес е копнежот по интимното и креативната индивидуалност во современиот урбан амбиент. Еден од нејзините интереси во творештвото е сликарскиот медиум, во кој често користи комбинирани техники за да ја изрази својата длабока внатрешна преобразба.
Нејзината последна изложба е инспирирана од филмот на Жан Лик Годар „Живот за живеење“, потресна и возбудлива, кратка, црно-бела сторија за вредноста на индивидуалната слобода.