Во среда (19 февруари) во организација на Сојузот на извидници на Македонија ќе биде отворена изложбата на уметнички дела на тема извидништво.
Изложбата е дел од прославата по повод јубилејни 60 години од основањето на Сојузот на извидници, а ќе биде отворена во 20 часот, во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.
Според најавите од организаторот, во рамки на овој настан ќе биде спроведена и тивка аукција на сите изложени дела. Собраните средства пак ќе бидат наменети за поддршка на функционирањето на Сојузот на Извидниците на Македонија и Извидничките одреди од земјава.
На свеченото отворање на изложбата и претходеше конкурс наменет за сите лица кои сакаа да учествуваат на настанот со свое уметничко дело – слика, фотографија или скулптура на тема извидници.