Во галеријата „Акантус“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Кроки во градината“, која е дел од одбележувањето на Европската година на културно наследство и се организира со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Скопје.
Учесници се уметниците Горјан Ѓорѓиев, Славица Јанешлиева Бачварска, Маја Кировска, Срѓан Миќиќ, Моника Мотеска, Оливер Мусовиќ, Касиопеја Наумовска, Маја Рауник, Васко Серафимов и Тања Таневска.
Инспирација за делата на оваа изложба е литературно-уметнички настан организиран на крајот на април.