ЈП „Лајка“ во соработка со Кинолошкиот сојуз на 22 мај од 10 часот во хотелот „Белви“ организир изложба на кучиња.
„Идејата на овој настан е да им се даде еднаква можност и привилегија на сите кучиња кои не се расни, да учествуваат на една професионална изложба каде сопствениците ќе може гордо да ги презентираат своите миленици, истакнувајќи ги нивните позитивни карактерни особини и таленти“, информираат од „Лајка“.
Од таму посочуваат дека ќе има различни фан категории во кои секој сопственик може да го пријави своето куче: најубаво стилизирано куче, најигриво, куче што личи на својот сопственик, омилено куче на судиите, најубава женка, најубав мажјак, најубаво куче во спортски дрес итн.
„Настанот ќе биде од забавно-едукативен карактер и ќе има за цел промовирање на кампањата за вдомување на бездомни кучиња“, велат од претпријатието.
На оваа изложба може да се пријават сите граѓани кои имаат домашен миленик мешавина од различни раси, а воедно ќе бидат поканети сите оние кои досега вдомиле куче од прифатилиштето на ЈП „Лајка“.
Заинтересираните за учество треба да ја пополнат следната апликација: https://docs.google.com/…/1U20bhgiXWzquVM9V6R…/edit
Во самата апликација ги имате наведено сите фан категории. Секој сопственик може да аплицира со своето куче во повеќе категории истовремено.