Слики во акварел на уметницата Луси Трајковска ќе бидат претставени на 8 септември во фоајето на Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово.
Изложбата ја организира Македонско-хрватското друштво од Тетово, по повод Денот на независноста на Република Македонија. Луси Трајковска по потекло е од Кина, а веќе 20-на години живее и работи во Македонија.
Отварањето на изложбата е закажано за 18 часот. Влезот е слободен.