Изложба на Марко Тасевски – Индиго по повод 6 години тетовирање на 29 август во МКЦ

Марко Тасевски – Индиго создава уметност тетовирајќи веќе 6 години во неговото студио за тетоважи и пирсинг „Индиго“. По тој повод, организира изложба на сите направени скици од тетоважи на 29 август со почеток во 20 часот во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Освен скиците, на настанот тој ќе демонстрира тетоважи од клиентите пред камера, присутните гости ќе го тетовираат него 30 минути, а ќе бидат изложени и одбрани тетоважи кои ги работел низ годините.

За музичкиот дел од изложбата ќе се погрижи диџеј Гоце САФ.