Во галеријата од Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва од 19.30 часот ќе биде отворена изложба на слики од познатиот уметник Мирослав Масин, која е дел од одбележувањето на националниот празник 11 октомври.
Масин првпат го претставува своето творештво во Прилеп, а тој досега во богатата уметничка кариера остварил преку 50 самостојни изложби во земјава, како и во Србија, Црна Гора, Словенија, Италија, во Велика Британија, во Германија, Бугарија и Франција.