Изложба на победничките фотографии од „Skopje Photo Week 2020“ во Младинскиот културен центар

На 24 декември во 19 часот во холот на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата на најдобрите фотографии кои се пријавија на конкурсот „Skopje Photo Week 2020“, стои во најавата за настанот.

Како што информираат организаторите, изложбата која ќе трае седум дена, односно, до 31 декември, ќе започне со доделување на пофалници за фотографите чии фотографии се изложени.

„На изложбата ќе можете да ги погледнете трите победнички фотографии на конкурсот, најдобрата фотографија од Инстаграм, како и најдобрите топ 20 фотографии. Да ги поддржиме нашите домашни фотографи и да го погледнеме Скопје низ нивниот алтернативен агол“, порачуваат организаторите.

На конкурсот кој траеше до 20 ноември пристигнале 1.200 апликации.

[Галерија] Објавени победниците на фото-конкурсот „Скопска фото недела“