Во рамки на Остен биеналето Скопје 2016, утре во просториите на галеријата Остен се отвора изложба на автори од Австрија, БиХ, Хрватска, Црна Гора, Кипар, Италија, Романија, Португалија и Словенија.
Ќе бидат изложени дела од: Асунта Абдел Азим Мохамед, Стефан Малицки Елфи Шулеска, Јана Куваља, Маја Скендеровиќ, Ивона Јурик, Дајана Радош, Кристина Рисмондо,Татиана Сотерополус, Андреас Томблин, Винченцо Балсамо, Маргерита Касара, Мариа Макаров, Памела Радино, Елена Драгулелеи Думитру, Дорина Лаура Дудулеану, Софиа Палма, Јургита Поберезните, Луис Филипе Салагадо, Романа Пехар, Петар Циуха, Чртомир Фрелих и Јерца Сантеј.
Отворањето е во 12 часот, а изложбата ќе трае до 27 октомври. Посетителите кои сакаат одблизу да се запознааат со уметниците можат тоа да го направат во просториите на галерија секој работен ден од 10 до 17 часот (сабота од 10 до 13 часот).