Промотивна изложба на шапки од рециклирани материјали „Дизајнерите за Trash Fashion Macedonia“, ќе биде отворена вечер во кафе-бар „Цреша“ во Скопје.
Четирите македонски дизајнери Ирина Тошева, Јована Филиповиќ, Драган Христов-Лудус и Билјана Клекачкоска, на изложбата ќе ја претстават својата изработка – шапка направена со реупотреба на материјали.
Нивната цел е да ја кренат свесноста за животната средина и да покажат дека умеат да работат со нестандардни рециклирачки материјали.
Со оваа изложба „ОХО“ го најавува петтиот „Trash Fashion Macedonia“ – натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали, наменет за средните училишта во Македонија.