Во Галеријата на МКЦ, во петок (7 октомври) во 20 часот ќе се отвори изложба на Симона Манчева.
„Моите уметнички интереси се базираат на согледување на фиктивната реалност и уште пофиктивниот морал во општествата. Преку своите истражувања се обидувам да ги прикажам и разнишам нашите стегнати предрасуди и стереотипи, кои ги зајакнуваат границите на нашата слобода, истовремено и да се развие свесноста на луѓето за остварување на своите права и задоволување на своите потреби. Родовата дискриминација, наследените стереотипи, родовиот, сексуалниот идентитет, социјално маргинализираните групи, различноста и варијациите на човекот и неговото тело се цел на моите истражувања каде што разбирањето на сите контрадикции и стереотипи како уметник и улогата на уметноста да се интервенираат и да се преиспитаат овие општествени конструкти“, вели Манчева.
Симона Манчева е родена 1989 во Кавадарци. 2011 дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, 2013 завршува магистерски студии оддел сликарство.