Изложба на слики од Беган Деари ќе биде отворена вечерва во Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје.
Ова е прва самостојна изложба на Деари, а поставени ќе бидат слики работени последниве години во масло на платно.
Деари завршил Факултет за ликовни уметности на ДУТ во 2009 година кога е прогласен и за најдобар студент по сликарство во рамки на Универзитетот. Досега реализирал неколку групни изложби.
Изложбата во КИЦ ќе биде отворена до 15 јануари 2018 година.