Изложба на уметничката група „SEE“

Уметничката група „ЅЕЕ” вечерва ќе го презентира проектот 961-2 како изложба во алтернативен простор во Скопје која ќе остане отворена до 21 мај.

11

Членовите на групата „ЅЕЕ“ (меѓу кои Марија Бошкоска, Љупчо Иљовски, Перо Танчев, Доротеј Нешовски, Мирослав Талевски, Дарко Вучиќ, Димче Димески, Моника Димчевска и Ѓорѓи Алтанџиев) кои се автори на овој проект составен од индивидуални и колаборативни дела, преку продолжување на истражувачкиот проект насловен „961-2“ прават обид за реактуелизирање на прашања за делото во процес преку транспарентно изложување на фазите во процесот на работа.

2

За овој проект, Владимир Јанчевски (ко-куратор на изложбата) нагласува дека „преку ваквиот тип на уметнички акции во природа, уметничката група „ЅЕЕ“ се обидува да го актуелизира и прашањето за јавниот простор, надвор од урбаните средини“. Со неговото реконтестуализирање преку презентација во галериски контекст, дополнително се отвораат и низа други прашања околу достапноста и употребата на јавниот простор, како и улогата на во институционалните иницијативи.

Отворањето е најавено во 20 часот, а локацијата е на булеварот Илинденска бр.60.

33