Изложбата „Насликај го својот живот“ (Paint your life“) на чешкиит уметник Онджеј Мишек утре (22 октомври) ќе биде отворена во Галерија во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Мишек студирал графички дизајн на Академијата за ликовни уметности во Варшава, во класата на проф. Лех Мајевски. Покрај редовните судии по графика и графички дизајн, активно се посветил и на сликањето, каде бил доста присутен во атељето на проф. Адам Стика. Помеѓу 2009-2016 година живеел и работел во Бангкок, Тајланд, каде најпрвин бил ангажиран како предавач по графички дизајн на „Accademia Italiana“ – Институт за мода и дизајн. Подоцна, работел и како менаџер во еден од најпопуларните ноќни клубови, Maggie Choo’s Bar, кој беше познат по посебните шоуа, кинески кабареа и џез музиката.
„Па оттука, сите фаци од Меги Чу, станаа инспирација за огромен број на слики наречени: ‘Меги Чу серијал’. Улиците и ноќниот живот на Бангкок, Тајланд, како и многу познатиот тајландскиот бокс, се составен дека од серијалот слики под наслов ‘Бангкок серијал’. Мишек создава и дополнителна серија слики инспирирани од неговиот престој во Варшава на крајот на деведесеттите и почетокот на новиот милениум. Неговиот стил е фигуративно сликарство поврзано со моќна типографија, која влече корени од неговите студии по графичкиот дизајн и дизајн на плакати“, се вели во описот и најавата за изложбата.
Изложбата во галеријата МКЦ претставува избор на дела под наслов „Насликај го својот живот“, на која и предходеше иста тематска изложба оваа година во Прага, во галеријата Mánes. Истата наиде на позитивен одзив кај јавноста и ликовната критика.