На 13ти март, среда со почеток во 18.00 часот во кафулето Дамар во Стара скопска чаршија ќе се одржи втората изложба „Resue Desing“.
Изложбата е резултат на вредната работа на децата од Младинскиот центар на Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ и активистите од Културна врска кои ја претставија идејата за ‘Reuse Design’ и преку разни дизајни им покажаа на децата како да ги пренаменат неупотребливите и стари предмети во корисни и нови производи.
„На изложбата ќе имате можност да ги погледнете производите направени од двете одржани работилници, а воедно и со купување на некој од нив да донирате средства за снабдување на Младинскиот центар на Ц.С.И НАДЕЖ со питка вода. Имено, поради проблем со водоснабдувањето во Шуто Оризари нашата организација веќе со години преку разни акции обезбедува питка вода за децата кои доаѓаат во Младинскиот центар.
Ќе бидеме многу среќни доколку сте во можност да присуствувате и да ни дадете поддршка во остварување на целта. “ се вели во поканата за настанот.