,,Руското творештво од Ден“, е изложбата на слики која ќе биде отворена во четврток вечер (23 октомври) од 19:00 часот во ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
Ќе бидат претставени делата на:
Светлана Солодовникова, Олга Петракеева, Светлана Вахнина, Александар Белугин, Корнелија Марган, Малка Малкова,
Евгениј Северухин, Наталија Рахлина и Олга Петракеева.
На изложбата ќе бидат претставени творби преку кои сликарите ги пренесоа своите впечатоци од убавата природа и од престојот во манастирот Св. Илија Дрен.