Во Етнографскиот музеј во Загреб до 17 октомври е отворена изложбата „Виц за русокосата: стереотипите во кои живееме“ на авторката Ирена Колбас.
Станува збор за поставка која ги истражува стереотипите како универзален и културолошки феномен, како интердисциплинарна и трансдисциплинарна тема, особено актуелна за истражување во последните две децении во книжевноста, филмот, уметноста, политиката…
Изложбата треба да помогне во сфаќањето и разбивањето на стереотипите, врзани главно за жените, но и расните, националните, верските и социјалните поделби.
Освен класичната поставка оваа изложба е и интерактивна – посетителите може да снимат видео за стереотипите со кои се среќаваат, со што поставката постојано ќе се надоградува.
Е.Д.