Во Националната галерија, објектот „Мала станица“ утре (9 ноември) од 19 часот ќе биде отворена биеналната изложба на 31та и 32ра сесија на Ликовната колонија Галичник.
Изложбата ќе биде поставена до 19 ноември.
Како што објаснува организаторот, последните две сесии на колонијата го третираа горливиот проблем на екологијата, на заштитата на животната средина и враќање на загубениот линк со природата.
„31та сесија имаше концепт ‘Коегзистениција’ кој ја пролематизираше релацијата (изгубената релација) помеѓу природата и човекот (секако и самиот Галичник и неговата природа и традиција), релацијата или коегзистенцијата на видливиот свет со невидливите опасности (вирусите и пандемиите кои не демнеат), коегистенцијата на уметноста и обичниот човек; уметноста и политиката; уметноста и екологијата; уметноста и технологијата. Учествува и со свои дела ќе бидат претсавени: Ненад Тонкин, Јана Јакимовска, Шќипе Мехмети, Борче Богоевски, Тања Ристовска, Игор Таневски, Ана Трајковска и Ана Ивановска од Македонија, Жангхонг Лиао (Кина), Бурим Муфтиу (Косово),Тарлан Лотфижаде (Иран), Слободан Радојковиќ и Марина Марковиќ (Србија), Франциско Томшик (Уругвај), Ивана Радовановиќ (Црна Гора), Рубен Бас (Германија)“, стои во најавата.
32та сесија пак, имаше концепт насловен „Визуелна интрузија“ и интенцијата на овој дискурс беше со визуелна интервенција, т.е. интрузија на природниот амбиент на Галичник и неговата околина, да се визуелизира контрастот и моќта која човекот ја има во загрозувањето, но и заштитата на животната средина и зачувување на нејзиниот природен облик и форма.
„Ваквите интервенции треба да го подигнат нивото на свеста и да имаат директен импакт во процесот на будење и превземање одговорност за своите постапки. Под поимот екологија разгледуваме поширок опсег на дискурси поврзани со историјата, архивирањето, доминацијата итн. На колонијата партиципираа: Џозеф ван Калденбург (Холандија), Милка Делибашиќ (Црна Гора), Магдалена Кучко (Полска), Ана Марија Паску (Романија), Клица Антониу (Кипар), Зара Александрова (Бугарија), Ејгул Догруел (Турција), Денис Јагџи (Косово/Македонија) и нашите автори: Гордана Вренцоска, Христина Зафировска, Ивана Ивна Самандова, Горанчо Ѓорѓиевски, Доротеј Нешовски, Кристијан Јовановски и Зоран Георгиев и нивните дела ќе бидат презентирани во поставката. Најголем дел од делата се изработени во нови медиуми, како видеа, видео инсталации, дигитални графики, фотографии, интервенции во простор, објекти и концептуални слики и графики“, се вели во најавата за изложбата.