Вечерва (2 јули) од 20:00 часот во мобилната галерија во паркот нa франкофонијата во Скопје ќе биде отворена изложбата „Размена на искуства и информации во јавен простор“. Автори на проектот се Дамјан Кокалевски и Милан Диневски со групата РЕАКЦИЈА 15.2.
Овој проект е дел од интернационалната работилница насловена Реакција (МЕДС 2013), составена од низа мали урбани интервенции (акции) лоцирани во маалото Грасаво во португалскиот главен град Лисабон. Главната идеја на работилницата е поттикнување на алтернативна употреба на јавниот простор преку креативен пристап. Во исто време работилницата се спротиставува на процесот на гентрификација кој радикално ја менува структурата на маалото.
„Урбаниот простор е во секој од нас, повеќе отколку во јавноста. Секој од нас е должен да трага по јавните простори, се дур оваа должност не прерасне во инстинкт a јавниот простор стане безусловен“, велат организаторите.
Изложбата е воедно и промоција на интернационалниот креативен фестивал: Скопски креативен простор 2014 кој ќе се одржи од 29 свгуст до 7 септември 2014.
Изложбата е продукција на CITY CREATIVE NETWORK (CCN) од Скопје и галеријата МКД Љубљана