Во четврток (21 ноември), во Културно информативниот центар во Скопје со почеток во 20 часот ќе биде отворна изложбата „Мал формат/Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија.
Како што информираат организаторите, на изложбата ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација.
„Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници. Во тој процес и продукцијата на финални ликовни дела во помал формат е од особено значење бидејќи дава посебно место на јасната идеја, прецизноста во реализацијата на делата и актуелност на понудениот концепт“, додаваат оттаму.
Повеќе детали ТУКА.