Локалната власт на Њујорк неодамна создаде и објавуваат дигитална карта на сите дрвја на територијата на градот, објави Екологист.
Картата нуди огромно количество база на податоци, дава точната локација со слики во Google Street View, детален опис на секое едно дрво во мегаполисот и ги пресметува еколошките придобивки за урбаниот простор.
Цената на екосистемот до неодамна беше непопуларно средство за заштита на природата. Природата е важна поради очигледни причини, но пресметката на нивната цена не е лесен процес. А сепак тоа има смисла за одржлив долгорочен развој и заштита на средината. Локалните власти од „Паркови и рекреација“ нашле информативе начин за известување за вредноста на природата во урбаната средина – тие ги пресметале еколошките и економските придобивки на уличните дрвја.
Во дигиталната мапа се објавени податоци за 684.440 дрвја – состојбата на 210 видови, специфичи барања за нега, мерења.