Хелсиншкиот комитет за човекови права подготви годишен информатор за дискриминација кој ги претставува збирните податоци добиени од здруженијата на граѓани и институциите во областа на дискриминацијата во 2016 година.
Eтничката и политичката припадност, здравствениот статус, полот и попреченоста се најчести основи за дискриминација на граѓаните, пишува во Годишниот информатор за дискриминација на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Во информаторот, кој се однесува на 2016 година, како најчести области во кои граѓаните сметаат дека се дискриминирани се работните односи, здравството, образованието и пристапот до добра и услуги.
Од Хелсиншки забележуваат дека најактивни за покренување на свесноста за дискриминацијата, се здруженијата на граѓани, па бараат проактивност од страна на институциите во делот на превенцијата и заштитата од дискриминација, особено од страна на Комисијата за заштита од дискриминација.
„Сметаме и дека јавните функционери мора да започнат со осуда на дискриминаторскиот и вознемирувачки говор во медиумите“, децидни се од Хелсиншки.
Хелсиншкиот комитет препорачува донесување на измени на Законот за спречување и заштита од дискриминација во најбрзо време, за поголема ефиксаност во целокупниот систем за заштита од дискриминација.
Целиот инфографик може да се види ОВДЕ.