Во Јавна соба на 26 март (сабота) од 13 часот ќе биде изведена претставата „Алиса и чудата“ на театарот „Сенки и облаци“.
Се работи за 40 минутна претстава со сенки за деца и возрасни, без текст, а ќе биде вклучена и работилница.
„Претстава со сенки кој ја разгледува темата за постоењето на времето како можеби единствениот репер за допир со реалноста. Алиса на своето патување во земјата на чудата среќава разни ликови, секој од нив со свои длабоки верувања за тоа што претставува времето, а кои единственото нешто што ги поврзува е состојбата на истовремен хаос и статус кво“, стои во најавата за претставата.
Преку уникатното визуелно изразување со помош на сенките, светлината и белото платно, оваа претстава си поигрува со фантазијата на публиката, притоа, не заборавајќи да потенцира дека сите ние заеднички ја делиме одговорноста за времето да почне да се движи и часовникот најпосле да проработи.
„Колку трае засекогаш? Толку нешта се случуваат, а ништо не се променило“, се вели во најавата.
Инаку, театарската трупа „Сенки и облаци“ постои од 2005 година и играта со сенки и светла е единствениот театарски израз кои тие го негуваат. Во својот репертоар имаат сосема различни претстави кои тематски видливо се разликуваат една од друга, но нишката која ги врзува е уникатната естетика и едноставниот, на моменти наивен израз, кој му дава посебен шарм на пренесувањето на приказните. Тие нудат поинакво уживање, ја воведувааат својата публика во еден нов свет кој дотогаш е за нив непознат и со магиска моќ ја водат до самиот крај.
Повеќе инфо и билети за претставата ТУКА.