В сабота (27 февруари), со почеток во 20 часот, во Македонската oпера и балет ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина, „Жизел“.
Во „Жизел“ ќе настапат: Мими Поп Алексова-Атанасовска, во насловната улога, Алберт: Бобан Ковачевски, Хиларион: Дојчин Дочев (Бугарија), Мирта: Ивана Коцевска, Селско Па де де: Андријана Петковски и Игор Веланоски . Настaпуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ.
Кореограф е Леонид Лавровски (Русија), диригент, Бисера Чадловска.
Претставата за првпат е изведена во Париз, во 1841 година. Ова е една од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување.