На „Академска сцена“ на Факултетот за драмски уметности ќе биде одиграна репризна изведба на претставата „Еден ден на Алјаска“ од Харолд Пинтер.
Претставата ќе биде изведена утре, на 29 декември со почеток во 20 часот.
Претставата е во режија на Шенај Мандак, а истовремено е испитот на Мандак по предметот Театарска режија 6.
Актерската екипа на претставата ја сочинуваат Стефанија Начевска, Владимир Петровиќ и Анастасија Величковиќ.
По претставата во бифето на факултетот, свој диџеј сет ќе оствари дуото The DD’s.
Согласно протоколите за работа, капацитетот на публиката е ограничен. Сите заинтересирани треба да го најават своето присуство преку формулар.