Изведба на „КРИК“ на 20 април во театарот „Сенки и облаци“

Во театарот „Сенки и облаци“ на 20 април, среда, ќе има шестта изведба на „КРИК“, авторски проект на Енџи Николоска по текстови на Франка Раме, Ана Исаковиќ и Миња Боговац, како и други архивски материјали и вистинити приказни.

Оваа претстава е настаната како дипломска претстава на Енџи Николоска од класата драмски актери на ред. проф. д-р Сузана Киранџиска и вон. проф. м-р Кристина Леловац, на Факултетот за Драмски Уметности – Скопје.

„’КРИК’ е игра, претстава, кабаре за еден процес. Внатрешен. За милион процеси. За вознемирување и насилство. За различните ставови и размислувања. За сето она за кое нашето општество никогаш нема да проговори ниту збор“, се вели во најавата за претставата.

Местата се ограничени, за резервација пријавете се на следниот ЛИНК.