Изведба на монодрамата „Драг Вардар“ во МКЦ

Изведба на монодрамата на Емануела Ковачевска Китановска – „Драг Вардар“, ќе се одржи на 29 април, петок, со почеток во 20 часот.

Со почеток од 20 часот, а во времетраење од 20 монодрамата го обработува ликот на фантомот, кој е отелотворение на архето над времето и неговата конечност.

„Низ мотивската подлога на монодрамата се провлекуваат силни романтичарски нишки и егзистенцијалистички примеси, кои избликнуваат од основата на човековата природа што тежнее кон вечноста, оградена од својата тленост, која е одземена од Фантомот“, објаснуваат авторите.

Тие додаваат дека сценографската естетика на претставата е исцрпена од духот на дваесеттите години на минатиот век со што се истакнува амбиенталната уникатност на делото.

Дизајнот е на Лазар Лукиќ, а фотографијата е на Ана Андонова.