Британскиот диригент Тимоти Редмонд и Македонска филхармонија ќе изведуваат музика од најпознатите „Дизни“ филмови на 23 февруари.
Ќе бидат отсвирени музички нумери од „Кралот лав“, „Мулан“, „Фроузен“, „Покахонтас“, „Мери Попинс“, „Малата сирена“, „Убавицата и ѕверот“. Музиката ќе биде проследена и со видеоанимации.
Концертот е закажан за 23 февруари и е соодветен за деца над 6 години, информираат од Филхармонија.
Билетите за концертот се во продажба по цена од 500 денари.