Изведба на претставата „Време за забава“ на „Академска сцена“

Претставата „Време за забава“ по текст на Харолд Пинтер утревечер, на 5 февруари, ќе биде поставена на „Академска сцена“ при Факултетот за драмски уметности.

Претставата која ќе започне во 20 часот, претставува испит по предметот „Театарска режија 6“ на Борис Василески во класата на проф. Зоја Бузалковска.

Актерската екипа на претставата ја сочинуваат Синан Ракип, Филип Христовски, Ана Јовановска, Ања Митиќ, Наталија Ристеска. Ана Грамосли, Ведран Чешарек, Стефан Николовски и Кире Ацевски.

За костимографијата задолжена е Симона Даноска, за сценографијата Мартин Манев, а дизајнот на звукот е на Лазар Христов.

Преводот на драмскиот текст од англиски јазик е на Марио Стојановски.

За да резервираат бесплатен билет за претставата, сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот за пријавување на присуство.