Изведена „Океанија“ со сценографија од отпад од Охридското езеро  

Приказната за малото храбро девојче кое има голема задача: да го спаси целиот океан – во неделата премиерно изведена пред младата струшка публика, покрај Охридското езеро.

Претставата „Океанија“ е во режија на Мирослав Петковиќ, а во организација на здружението „Арт-Манија“.

Јуроп Хаус Струга ги поддржа уметниците Милко Нестороски, Викторија Попоска и Бојан Секулоски во создавање сценографија која е создадена од отпад собран од плажите и езерото во рамки на еко акцијата „Гласот на крајбрежјето “.

Во продолжение погледнете дел од атмосферата:

Фото: Јуроп Хаус Струга