(Из)вонредно предавање #8 – Зошто луѓето умираат: ограничен пристап до здравствена заштита

Младински образовен форум Ве поканува да го проследите осмото (Из)вонредно предавање насловено „Зошто луѓето умираат: ограничен пристап до здравствена заштита“.

Предавањето ќе  го одржи Матеј Поп Дучев, член на МОФ, на 4-ти мај (понеделник) во 19:00 часот на платформата за видео комуникација Zoom.

Централното прашање кое ова предавање ќе го постави е „Зошто умираат луѓето?“ Не во филозофска, туку во епидемиолошка смисла. Преку анализа на смртноста на населението во повеќе држави, предавањето ќе дојде до одговорот дека смртноста на населението често зависи од социо-економски фактори повеќе отколку од интринзични здравствени фактори (како гени или животен стил).

Предавањето ќе отвори дискусија и на други поврзани прашања, меѓу кои:

  • Која е поврзаноста помеѓу смртността на населението и економскиот развој на државата?
  • Како се справуваат здравствените системи ширум светот со ситуации во кои достапноста на здравствени ресурси е помала од побарувачката?

За да го проследите предавањето треба да го пополнитe краткиот прашалник: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6

Доколку веќе сте регистрирани за (Из)вонредните предавања, кога ќе дојде терминот за предавање ќе ви биде испратен е-маил со линк до предавањето.

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.