(Из)вонредно предавање – Морални дилеми во технолошката ера

Шестото по ред (из)вонредно предавање на Младинкиот образовен форум е посветено на технологијата и насловено „Морални дилеми во технолошката ера“. Ќе се одржи на 26 април, во 19:00 часот на платформата Zoom.

Предавањето ќе го одржи членот на Младинскиот образовен форум, Весела Трајковска. Таа за време на своето предавање ќе одговори на следните прашања:

• Дали треба да ме загрижува тоа што еден алгоритам знае подобро од мене каква музика ми се слуша или каков филм сакам да гледам?

• Дали во иднина ќе можам да ги дизајнирам гените на моите деца?

• Дали роботите ќе станат дел од моето секојдневие и ќе ми помагаат со физичката работа или, пак, ќе станат премногу паметни и ќе го надвладеат човештвото?

„Лесно е да се западне во песимистичка спирала мислејќи дека машините ќе го надминат човековиот интелект, но реалноста е далеку помалку драматична и застрашувачка.

Се наоѓаме во ситуација каде што мора да најдеме одговори на некои од најтешките прашања за нашите морални вредности, толкувања на животот и општествената одговорност што ја чувствуваме. Но, секогаш првиот чекор е да се информираме – кои се моменталните можности на технологијата, што може да очекуваме во иднина и кои се потенцијалните штети и придобивки“, стои во најавата за предавањето.

За да го проследите предавањето треба да го пополникот краткиот прашалник: https://forms.gle/QJoc5heha3Bx3tPV6

Доколку веќе сте регистрирани за (Из)вонредните предавања, кога ќе дојде терминот за предавање ќе ви биде испратен е-маил со линк до предавањето.

Отворените предавања за млади се организираат во склоп на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики, поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија.