Јапонија за прв пат ќе воведе закони против снимањето под фустан и манијачките фотографии и видеа (upskirting) без согласност, јавува „БиБиСи“.
Законот против „фотографскиот војареизам“ ќе забранува дејствија како сликањето под здолништа и фустани и тајно снимање на сексуални односи.
Досега, ваквите дела мораа да бидат регулирани под локалните закони, што често не донесуваа никаква казна за сторителите.
Најавениот предлог закон е дел од поголема акција на Јапонија да се намали бројот на сексуални злосторства.
Со него, експлицитно се забранува сликање, дистрибуција и поседување на фотографии од нечии гениталии без нивна согласност, а исто така забранува фотографирање на луѓе кои неинформирано се манипулирани во сексуални позиции.
На оние кои ќе го прекршат законот им се заканува тригодишна казна затвор или казна од три милиони јени
Реформите се очекува да се усвојат во јуни 2023 година.
Јапонија го носи законот откако во јавноста сѐ повеќе се слушаат жалби поради растот на сексуалното насилство и небезбедноста во јавните простори.
Јапонија исто така цели да го криминализира кротењето (грумингот) на малолетници, како и да ја прошири дефиницијата за „силување“.