Јапонија постави автомати за храна со бесплатни производи во случај на земјотреси и тајфуни

Јапонија ги надогради своите подготовки во случај на природни катастрофи, па постави автомати за храна кои ќе нудат бесплатни храна и пијалоци во случај на посилни земјотреси и тајфуни, пренесува „Гардијан“.

Два автомати се поставени во западниот крајбрежен град Ако, лоциран во регион за кои сеизмолозите велат дека е подложен на силни земјотреси, а се очекува да го погодат крајбрежјето во наредните децении.

Автоматите, кои содржат околу 300 пијалоци и 150 итни прехрамбени производи, вклучувајќи и хранливи суплементи, се поставени во близина на згради кои се дизајнирани да бидат засолништа за евакуација.

Автоматите се дизајнирани да се „отклучат“ и да понудат бесплатни производи во случаи на поројни дождови или при наредба за евакуација поради земјотреси посилни од 5 степени според јапонската сеизмолошка скала.

Преостанатото време, автоматите ќе можат да се користат со купување на производите.

Претходно, во јавен парк во Токио оваа година беше поставен автомат за храна кој автоматски пренесува вести за предупредувања од земјотреси и тајфуни, како и информации за евакуација од локалните радија и телевизиски канали.